MKDNews.com

Египетската армија ги притвори лидерите на Муслиманското братство

јули 05
08:12 2013

egipet-apsiЕден египетски војник е убиен, а двајца се ранети во напад извршен од страна на осомничени исламистички милитанти на Синајскиот Полуостров утринава. Во близина на градот Рафа на границата со Појасот Газа се случија уште неколку напади врз египетските безбедносни сили. Сè уште не се знае дали нападите се реакција на тоа што армијата го собори исламистичкиот претседател Мохамед Морси.

Египетската армија претходно вети дека ќе го гарантира правото на протест, но предупреди против активности што може да ја загрозат националната безбедност. Соопштението беше објавено на Фејсбук во пресрет на за денеска планираните исламистички протести против соборувањето на Морси. Пред објавувањето на соопштението, армијата ги притвори лидерите на Муслиманското братство, кое го осуди воениот удар за соборување на првиот демократски избран претседател на Египет. Во соопштението од армијата се наведува дека војската нема да преземе какви било „исклучиви и автократски мерки против која било политичка организација“.

САД, кои обезбедуваат помош за египетската армија, повикаа на „брзо и одговорно“ враќање на демократски избраната цивилна влада и ги повикаа властите да не вршат „арбитрарни“ апсења.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment