MKDNews.com

Едвард Сноуден сака азил во Русија (видео)

јули 12
19:25 2013

Едвард Сноуден кој во моментов се наоѓа во транзитната зона и разговара со претставниците на невладините организации изјави дека сака да остане во Русија сè додека да замине со авион за Латинска Америка, соопшти заменик-директорот на руската филијала на Меѓународната организација за заштита на човековите права „Хјуман рајтс воч“, Татјана Локшина.

Сноуден се среќава со руски активисти за човекови права во транзитната зона на московскиот аеродром „Шереметјево“, а како што пренесуваат руските новински агенции, повикувајќи се на изјава на Татјана Локшина, која е присутна на средбата, Aмериканецот ги замолил соговорниците да му помогнат да добие привремен азил во Русија.

Во писмото, со кое упати покана за средба до руски активисти за заштита на човековите права и адвокати, Едвард Сноуден наведе дека сака да ги посети земјите што се подготвени да му дадат азил, јави ИТАР-ТАСС.

За ваквата информација руската агенција се повикува на изјава на пратеникот Вјачеслав Никонов, кој исто така е еден од учесниците на средбата меѓу претставници на невладиниот сектор и поранешниот консултант на Агенцијата за национална безбедност (НСА).

Сноуден, кој на „Шереметјево“ се наоѓа од 23 јуни, доби понуди за азил од Венецуела, Боливија и од Никарагва.

Познатиот руски адвокат и активист Генри Резник исто така е на аеродромот. Како што соопшти прес-секретарот на аеродромот „Шереметјево“, Ана Захаренкова, средбата се одржува зад затворени врати.

Во очекување на каква било информација за Сноуден, на аеродромот се собрани над 200 новинари.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.