MKDNews.com

Еден пратеник и 32 полицајци повредени во Северна Ирска (видео)

јули 13
15:55 2013

Британскиот пратеник за северен Белфаст, Најџел Додс, како и 32 полицајци се полесно и потешко повредени за време на синоќешните улични немири, кои цели шест часови го потресуваа северниот дел на главниот северноирски град.A police officer receives medical treatment after being injured as loyalists clashed with Police in the Woodvale Road area of North Belfast after an Orange Parade was blocked from marching past the Nationalist Ardoyne area in Belfast.

Демонстрантите фрлаа кон полицијата запаливи бомби, тули и камења, додека полицајците одговорија со употребата на водени топиви и пукаа со пластични куршуми.
Непознато лице во една таква ситуација го удрил со тупаница пратеникот Додс кој настојувал да се смират страстите, по што тој паднал нокаутиран. Интервенирала амбулантаната служба за да го освести од силниот удар во лицето.

imageНасилството избувна по незадоволството на протестантскиот Ред на Портокаловите, поради тоа што полицијата им забрани да минуваат низ квартовите населени со католици, како и по улицата која служи како граница меѓу двете верски заедници. Намерата на полицијата беше да спречи судир меѓу двете заедници кои редовно ги следат традиционалните јулски маршеви на протестантите.

Раководството на Редот на Портокаловите повика на демонстрации кои веднаш се претворија во насилство и улични тепачки со полицајците.

Полицијата остро го осуди насилството, нарекувајќи го однесувањето на демонстрантите „срамно и недостојно“.

Подоцна Редот ги отповика демонстрациите и страстите се смирија, но за денеска полицијата на Северна Ирска повика дополните 400 полицајци на помош од Велика Британија.

Маршевите низ оваа британска покраина се одржуваат секоја година во спомен на победата на протестантите, предводени од Вилијам од Оранж над католичкиот крал Џејмс, во 1690 година.

Католиците во денешна Северна Ирска се противат на маршевите за кои велат дека се навредливи за нивната заедница.

http://www.youtube.com/watch?v=JSV_1rJhCyU

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.