MKDNews.com

Џорџ Клуни и Стејси се разделиле?

јули 08
20:08 2013

Џорџ Клуни навистина е еден од најтврдоглавите ергени.
Актерот никогаш не останува без девојка, но во последните  две години одлучи дека е време за промена.
Последната партнерка е поранешната кечерка Стејси Кеиблер. Двајцата имаат врска од 2011 година, но во последните три месеци не се детектирани заедно што даде повод за натамошени гласини за причините кои ги делат.
Блиски до Џорџ тврдат дека далечината не е проблем во нивната врска, бидејќи Клуни намерно го поминувал своето време далеку од блондинката.
Двојката дури не се собраа да го прослават заедно на Денот на независноста (4-ти јули).
“Не е  дека не можат да најдат време за да бидат заедно. Ако навистина се  сакаа,можат да се гледаат почесто. Џорџ постепено се повлекува од врската со Стејси “, изјави извор за весникот Sunday People.”

Кај него секогаш е едно и исто. Штом почувствува дека се зближува со некоја жена и веднаш се повлекува “, додаде тој.
Според други луѓе од опкружувањето на актерот тие гласини  се неосновани. Неименуван извор изјави за RadarOnline.com дека врската на ѕвездите е здрава, макар и од далечина.
Клуни го поминал  празникот со пријателите во замок на езерото Комо во Италија, додека Стејси беше во Америка.
“Таа не дојде во Италија, бидејќи беше премногу зафатена во Њујорк, каде ќе стартува нејзиното ново  шоу на 22 јули “.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.