MKDNews.com

Две и две и пол години затвор за Демири и за Исмаиловиќ во Приштина

јули 12
15:56 2013

Две и пол години затвор добија првообвинетите во „Монструм“, Африм Исмаиловиќ и Алил Демири, на кои приштинскиот суд им судеше за нелегално поседување оружје, пренесува „Канал 5“.

Две години за Африм Исмаиловиќ и половина година повеќе за Алил Демири им пресуди приштинскиот суд за нелегалното оружје. Исмаиловиќ добил пониска казна односно онаа која е на границата од законскиот минимум за ова дело бидејќи на рочиштето пред два дена ја признал вината. Адвокати најавија жалби пред апелациониот суд и очекуваат повисокиот суд да ги ослободи од обвиненијата .

– Пресудата за мојот клиент не е основана. Тој беше прогласен за виновен за поседување на оружје кое не го поседувал. Јас и во завршните зборови објаснив дека не можел да го поседува затоа што местото каде е најдено оружјето не живеел таму со месеци. Тоа што еден од обвинетите рече дека е виновен не значи дека и другиот е виновен – изјавил Бесник Бериша, адвокат на Демири.

Одбраната и обвинетите во Косово тврдат дека не се виновни и за македонскиот предмет за Монструм.

Се поизвесно е дека испорачувањето на Демири и Исмаиловиќ од Косово во Македонија ќе се одолговлечи уште најмалку неколку месеци.

Кога ќе има одговор на барањето за екстрадицијата кое Македонија го поднесе пред неколку месеци зависи од тоа кога целоно ќе заврши овој предмет пред косовските надлежни.

Процесот на жалба е малку подолг објаснуваат адвокатите.

Во Аелациониот суд зависи од тоа кој совет ќе го добие случајот, но тоа не е брз процес, поради количината на предмети кои одат пред судот. Како и да е очекуваме да заврши оваа година – вели Бериша.

Канал 5 во Приштина побарале одговор директно во Министерството за правда кое е надлежно за екстрадицијата, до каде е постапката. Но од таму не само што не сакале да им дадат изјава, туку ги упатиле да им постават прашања по емеил.

Алил Демири и Африм Исмаиловиќ беа уапсени во Приштина на 3ти март годинава. Повеќе од 5 месеци македонските надлежни очекуваат да бидат испорачани и да седнат во кривичниот суд каде им се суди за тероризам, за петкратното убиство кај Смиљковското езеро.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.