MKDNews.com

Дупка од 6 метри проголта автомобил во Охајо (фото)

јули 04
17:41 2013

dupka1На сред улица во Охајо се отвори огромна дупка од 6 метри и проголта автомобил заедно со жената возач која за среќа го преживеа овој неочекуван инцидент.Несреќата се случила кога поради дефект на главниот вентил за вода кој се наоѓал под улицата, пукнала цевка и улицата пропаднала и се отворила голема дупка.

Возачот на автомобилот Памела Кнокс на среќа остана неповредена , но била длабоко потресена од неверојатниот инцидент.

„Улицата се отвори под мене и автомобилот почна да паѓа и да се превртува,водата од пукнатата цевка започна да го полни автомобилот , за среќа на крајот тој застана на тркалата. Не знаев што се случува . Мислев дека ќе умрам“, изјави по несреќата шокираната Кнокс.

За среќа 60 годишната жена успеала да стигне до својот мобилен телефон и да го побара својот сопруг, кој веднаш ја алармирал полицијата .

dupka-na-patot1-564x272

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.