Драматично видео: Моментот кога излета возот во Шпанија
јули 25
19:21
2013
Најмалку 80 лица загинаа во тешката несреќа додека 140 лица се повредени, кога воз со повеќе од 240 патници излета од шините во Шпанија. Се стравува дека бројот на жртвите ќе биде уште поголем.
Несреќата се случила синоќа, кога возот излетал од шините и удрил во ѕид при што четири вагони се превртеле а во едниот избил пожар.
Ова е една од најтешките железнички несреќи во историјата на Шпанија. Претходно во 1944 година во судар на возови, загинаа повеќе стотина луѓе, додека во 1972 година излегувањето на возот од шините на југот од земјата, однесе 77 животи.
Во Шпанија прогласена е тридневна жалост.
Двајцата машиновозачи поминаа неповредени и учествуваа во спасувањето на патниците.
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment