Драма во Злокуќани , Николовски истерува ,,правда “автомобилите на станарите останаа пред капијата
јули 08
19:06
2013
Вистинска драма се случуваше денеска во скопската населба Злокуќани. Дваесетина семејства беа спречени да влезат во своите домови во станбениот комплекс „Свети Јован“, јави Канал 5.
Обезбедувањето на инвеститорот на комплексот, Благоја Николовски, не ги пушта да влезат, под образложение дека имаат долг, за што сопствениците велат дека е неосновано.
– Пријавивме во полиција оти овој проблем веќе станува сериозен и нашите роднини се спречени да влегуваат внатре – изјави Оливер Димитровски, преседател на куќниот совет.
Сопствениците кои не можат да влезат во своите домови се обиделе да го контактираат инвеститорот но безуспешно, извести Канал 5.
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment