MKDNews.com

Донирајте мебел, бела техника, покуќнина за оние кои немаат

јули 29
14:39 2013

Сите граѓани кои имаа вишок мебел, покуќнина, апарати за домаќинство, а поради најразлични причини не им се потребни сега имаат можност да ги донираат на оние граѓани што имаат потреба, да олеснат нечиј живот, да подарат, да бидат хумани и општествено одговорни.
Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, во понеделник ја промовираше ацијата „Се грижиме за топол дом” која Министерството за труд и социјална политика заедно со Црвениот Крст на Град Скопје и Црвениот Крст на Република Македонија и општините ќе почне да ја спроведува.

Целта на акцијата е да ги задоволи основните потреби од покуќнина, мебел, бела техника, електрични апарати, апарати за домаќинство, опрема за деца, велосипеди и друго, на сите граѓани кои неможат да обезбедат средства за купување на овие работи.

„Ги повикувам сите граѓаните на Република Македонија коишто имаат вишок мебел, апарати за домаќинство, опрема за деца, и кои би сакале да ги донираат на социјално загрозени семејства и на оние на кои што им се потребни, да се јават на бесплатниот телефонски број 0800 55 800, или на e-маил адресата donacija@mtsp.gov.mk, на која ќе можат да доставуваат податоци и фотографии од донацијата”, апелираше Спасов.

Повика и сите граѓаните кои се во социјален ризик и коишто имаат потреба од покуќнина, мебел, бела техника, опрема за деца, велосипеди и друго ќе можат да се јават на бесплатниот телефонски број 080055800, да се обратат на e-маил адреса или лично да се обратат во Центрите за социјална работа или во седиштата на Црвениот Крст на Република Македонија.

Акцијата ќе се одвива според принципот „Кој прв ќе се јави, тој прв ќе биде услужен”

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.