Девојките од „Бонд“ го кренаа Антички на нозе
Околу четири илјади љубители на добрата музика вчеравечер уживаа во концертот на популарниот состав Бонд кој се одржа во Античкиот тетатар во Охрид.Ова беше најспектакуларен музички настап на годинешново 53-то издание на Охридско лето.
Гудачкиот квартет од Велика Британија е составен од четири млади таленатирани девојки кои се претставија пред охридската публика со нивните најнови хитови,а публиката ја кренаа на нозе со песната “Александар Велики” од нивниот прв албум,инспириан од македонски мотиви.
Мега ѕвезди со над 5 милиони продадени албуми, група која го освои светот , која ги руши сите бариери за стилски и жанровски концепти во музиката. Многупати инспирација за голем број групи, копирани но никогаш достигнати”, кажа селекторката на музичкиот дел од програмата Гордана Јосифова Неделковска за составот на најпродаваниот гудачки квартет на сите времиња, Бонд, Таниа Дејвис (виолина), Иос Чатер (виолина), Елспет Хенсон (виола) и Геј-Ји Вастерхоф (виолончело).
“Знаеме дека станува збор за многу добар Фестивал со долга традиција од 53 години и навистина ни е драго што сме дел од него. Задоволни сме од концертот, уживавме во секоја минута и во прекрасниот амбиент кој го направи публиката. Се чувствуваме прекрасно. Повторно би сакале да дојдиме тука”, изјавија членките на Бонд групата..
Околу четири илјади љубители на добрата музика вчеравечер уживаа во концертот на популарниот состав Бонд кој се одржа во Античкиот тетатар во Охрид.Ова беше најспектакуларен музички настап на годинешново 53-то издание на Охридско лето.
Гудачкиот квартет од Велика Британија е составен од четири млади таленатирани девојки кои се претставија пред охридската публика со нивните најнови хитови,а публиката ја кренаа на нозе со песната “Александар Велики” од нивниот прв албум,инспириан од македонски мотиви.
“Мега ѕвезди со над 5 милиони продадени албуми, група која го освои светот , која ги руши сите бариери за стилски и жанровски концепти во музиката. Многупати инспирација за голем број групи, копирани но никогаш достигнати”, кажа селекторката на музичкиот дел од програмата Гордана Јосифова Неделковска за составот на најпродаваниот гудачки квартет на сите времиња, Бонд, Таниа Дејвис (виолина), Иос Чатер (виолина), Елспет Хенсон (виола) и Геј-Ји Вастерхоф (виолончело).
“Знаеме дека станува збор за многу добар Фестивал со долга традиција од 53 години и навистина ни е драго што сме дел од него. Задоволни сме од концертот, уживавме во секоја минута и во прекрасниот амбиент кој го направи публиката. Се чувствуваме прекрасно. Повторно би сакале да дојдиме тука”, изјавија членките на Бонд групата..
Членките на групата Бонд се воодушевија од својот престој во Охрид,а од градоначалникот Никола Бакрачеески добија реплика на требенишката златна маска.

видео:ohridnews
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment