MKDNews.com

Девојки од Македонија се проституираат на јахти во Црна Гора

јули 16
21:20 2013

Услугата чини од 500 евра на ден до 3.000 евра за викенд, а корисници најчесто се богати Руси што доаѓаат во Црна Гора на одмор, пишува Блиц.
Малолетна подгоричанка, која сакала да остане анонимна, поради желба да заработи голема сума пари на елитните забави што се организираат на скапи јахти по црногорското приморје, преживеала тешки моменти и малтретирање од човекот што ја навлекол во работата, пишува Телеграф.

Таа се обратила во „Сигурната женска куќа“ кога човекот ѝ се заканил дека ќе ја оттргне од родителите.

„Ја убедивме девојкaта случајот да го пријави во полиција. Таа ни кажа дека проституцијата е многу добро организирана, а девојките доаѓаат со јахтите на средина од морето, се прекачуваат на други јахти и така даваат сексуални услуги за пари, од кои процент земаат и посредниците“, за Блиц од Црна Гора изјави Лилја Раичевиќ, извршен директор на „Сигурна женска куќа“.

Таа тврди дека проституцијата цвета во Будва, но и во Бар, каде што корисниците на услугите се странци.Услугата чини од 500 евра на ден до 3.000 евра за викенд, а корисници најчесто се богати Руси што доаѓаат во Црна Гора на одмор.

Се шпекулира дека во овој бизнис има и девојки од Македонија.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.