Десетина повредени во сообраќајка меѓу камион и автобус во скопско Ново село
Десетина лица се повредени откако попладнево се случи сообраќајна несреќа меѓу камион и автобус, објави порталот Курир.
Несреќата се случила во близина на основното училиште „Тихомир Милошоски“ во скопското село Ново село. Камионот од засега непознати причини удрил во приватен автобус со број 22 во кој се превезувале патници, по што автобусот влегол во училишниот двор.
Според информациите до кои дојде Курир во несреќата се повредени 10-тина лица. Двајца од повредените се од камионот, а останатите се патници од автобусот.
Повредените од камионот биле префрлени во ГОБ „Наум Охридски“, додека 8 од патниците се пренесени во Ургентниот центар, а останатите тројца во ГОБ „8-ми Септември“. Засега нема информации за карактерот на повредите.
Од МВР за Курир ја потврдуваат несреќата информирајќи дека во тек е полицискиот увид.
(Фото – Курир)
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment