MKDNews.com

Човек леопард покриен со 1.000 шари (видео)

јули 13
17:25 2013

Американецот од Хјустон во Тексас своето тело го покрил со тетоважи за да личи на леопард. Тој на својата кожа има повеќе од 1.000 шари кои ги истетовирал во последните 20 години, а го променил и името во Лери Леопард, а сето тоа само со една цел – потполно да личи на дивиот ѕвер.
Лери вели дека почнал да се тетовира кога тоа било табу тема и дека за него претставува еден вид инает. Иако го покрил целото тело, вклучувајќи ги и интимните делови, тој мисли дека и понатаму има место за нови шари.
– Моите родители плачеа кога видоа дека и лицето го покрив со тетоважи. Ми рекоа дека личам на лик од цртани филмови. Меѓутоа, јас сум горд на својот изглед и сакам да се појавувам во јавноста – вели Лери кој често гостува по телевизиите облечен во костим на Тарзан.
Иако тој ужива да биде човек леопард, Лери признава дека не е редок случајот луѓето да се преплашат кога ќе го здогледаат. Многумина сметаат дека неговиот изглед е бизарен и воопшто не сакаат да разговараат со него.

http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=_enSR4qzJ_s

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment