MKDNews.com

Бугарска прослава на Илинден во Смилево

јули 21
12:29 2013

Околу стотина членови на „Бугарскиот културен клуб“ вчера пред споменикот на Даме Груев во Смилево, ја прославија 110 годишнината од Илинденското востание.

Датумот е одбран според стариот календар.

untitled1Претседателот на клубот, Лазар Младенов, пред присутните рече дека македонските Бугари биле дискриминирани и дека сите биле изложени на говор на омраза, заплашување, судски прогони.
Во Смилево дојде и Красимир Каракачанов, лидерот на бугарската политичка партија ВМРО-СМД.
„Да се почитуваат правата на сите граѓани. Тие што сакаат да бидат Македонци, нека бидат Македонци. Тие што сакаат да бидат Бугари, нека бидат Бугари“, рече Красимир Каракачанов , пренесе ТВ Алфа.

И оваа прилика беше искористена за спомнување на заедничката историја на Македонија и Бугарија, при што Даме Груев беше нарекуван како еден од најголемите бугарски патриоти.

untitled2

untitled3

 

 

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.