MKDNews.com

Бостонскиот терорист Царнаев со „тврд руски “акцент се изјасна

јули 11
02:12 2013

Џокар Царнаев, единствениот преживеан напаѓач на Бостонскиот маратон, отфрлил било каква вина која што му се наложува во 30 точки од обвинението.
Единствениот преживеан напаѓач на Бостонскиот маратон, Џокар Царнаев, денес бил изведен пред судот во Бостон и во рамките на своето излагање, тој ја отфрлил вината по сите 30 точки на обвинението.
Одговораќина пражањето на судијата дали е виновен Џокар со тврд руски акцент вели дена не е виновен. На овој негов акцент тие што лично го познаваат се зачудени дека Џокар имал акцент,зошто тие што го познавале во Бостон велат дека предходно неможело да се примети дека не е роден во САД.
Телевизиски камери не биле дозволени во судницата заради федералните обвиненија за кои Царнаев може да добие смтрна казна.
Џокар е обвинет дека, заедно со сеубиениот брат Тамерлан, на 15 април 2013 година детонирал две импровизирани експлозивни направи покрај целта на Бостонскиот маратон. На самото место на трагедијата животот го загубиле три лица, додека повеќе од 260 луѓе биле повредени.