MKDNews.com

Борче Давитковски поднесе оставка

јули 18
22:05 2013

Претседателoт на експертската комисија која е формирана да ги истражи собраниските настани од 24 декември, Борче Давитковски попладнево поднел оставка, јави Макфакс.
Давитковски, оставката од функцијата ја поднел поради тоа што не успеал да обезбеди мнозинска поддршка од членовите на комисијата за препораките и заклучоците што ги подготви во соработка со двајцата експерти од Европската Унија.

Неговите препораки предвидуваа одговорноста за инцидентите да биде поделена и тоа власта да биде одговорна за исфрлањето на новинарите и на пратениците од собраниската сала, а опозицијата да биде одговорна за блокирањето на работата на Собранието.

Оставката му е врачена на претседателот на државата Ѓорге Иванов, под чие покровителство беше формирана Комисијата, а беше услов од политичкиот договор од први март, кој беше постигнат во присуство на еврокомесарот Штефан Филе.

Комисијата има рок од уште еден месец за да донесе заклучоци, но динамиката на нејзината работа најверојатно, по оставката на Давитковски, ќе добие друг тек.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment