MKDNews.com

Бомбашот од Бостон на насловна на Rolling Stone

јули 17
16:31 2013

Магазинот Rolling Stone на насловната страница за изданието за август ја ставил приказната за бомбашот Џохар Царнаев, кој со својот брат во април уби три лица. Многумина бурно реагирале.

Насловната страница на популарниот магазин Rolling Stone за август ја краси фотографија од бомбашот Џохар Царнаев, еден од браќата кои го поставија експлозивот кон целта на бостонскиот маратон. Во експлозиите на 15 април починаа три лица, а повредени беа повеќе од 260.

Насловната приказна на августовското издание е „Светот на Џохар“, која опишува како „од невино момче со блескава иднина настанал монструм“.

Објавата на насловната страница предизвикала различни реакции на социјалните мрежи.

На многумина им пречело тоа што го опишуваат убиецот како жртва која потпаднала под влијание на радикалниот ислам.

„Зошто е тој на насловна? Магазинот Тајм место на насловната му даде на Чарлс Менсон, а други ставаа и приказни за убијците од Колумбин. Не правете маченици од овие луѓе“ – е само еден од коментарите.

Иако оваа фотографија ја објави и „Њујорк тајмс„ на својата насловна, многумина критичари сметаат дека му се дава популарност на Џохар.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.