Блокиран автомобилот на папата во Бразил (фото)
јули 23
07:44
2013
Толпа на католички верници го блокирале автомобилот на папата Франциско во Рио де Жанеиро за време на неговата посета на Бразил. Безбедносните сили биле принудени да реагираат, а автомобилот бил блокиран, бидејќи возачот свртил во погрешна насока.
Анти-владините демонстранти го искористија доаѓањето на папата да протестираат против властите, при што се судриле и со полицијата. Папата кој е во седумдневна посета на Бразил на аеродромот беше пречекан од претседателот Дилма Русеф.
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment