MKDNews.com

Бела ноќ: Официјално почна туристичката сезона во Охрид (фото)

јули 07
23:32 2013

Со манифестацијата „Бела ноќ“ која се одржа вчера во Охрид и официјално почна туристичката сезона. На 6 јули македонскиот турстички центар официјално стартува со понудите, период за кој во земјите од соседството веќе нема слободни сместувачки капацитети.

nok3ffИлјадници посетители уживаа во концертот на Каролина Гочева на плоштадот „Св. Климент Охридски“, што се одржа во рамките на манифестацијата „Бело лето“, со која официјално е отворена туристичката сезона во Охрид.

Забавата ја збогатија со свои настапи Панчо и ДНК и диџеите Лефанк и Ајсберг.

Присутните ги поздрави градоначалникот Никола Бакрачески кој посака успешна туристичка сезона, посочувајќи дека целта е Охрид да биде центар на забавата на Балканот. Покрај забавниот дел, гостите имаа можност да се запознаат со туристичките потенцијали на Охрид и со традиционалните занаети, кои беа изложени на посебни штандови на повеќе локации во градот.

Белата ноќ ја подржаа над 90 хотелски и угостителски објекти кои денеска работат 24 часа со попуст на услугите од 10 до 30 проценти.

Интересно е да се спомене дека голем дел од охридските плажи се уште не работат а дел отворањето го најавуваат за викендов ?

nok2ff

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment