MKDNews.com

Бебето „Најден“ ја загуби битката за живот

јули 23
15:57 2013

Храброто срце не ја издржа суровата животна битка. По неколку месечна борба, почина малиот Најден. Починал во саботата во три часот.

Четири месеци траеше неговата и борбата на лекарската екипа од Детската клиника во Скопје. Лекарите велат дека срцето на малиот Најден не издржа.

Софијанова вели дека респираторната траума од пред три недели, кога врз него беше извршен последниот оперативен зафат, оставила последици и по работата на срцето.

Телото на Најден било предадено на судска медицина, каде што се утврдило дека причина за смртта е откажување на работата на срцето.

Бебето Најден беше пронајдено оваа година во месец јануари, фрлен во тешка здравствена состојба во двор од скопското село Арачиново.

Најверојатно неговите родители му го отсекле јазикот и се обиделе да го убијат.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.