Балон со 10 патници се урна во Холандија (видео)
јули 25
19:12
2013
Сите 10 патници кои патувале во кошницата од балонот во Холандија успеале да излезат,а двајца се здобиле со полесни повреди па завршиле во болница. Поради ветрот балонот завршил на улица и го прекинал целиот сообраќај
Аматерското видео покажува како кошницата од балонот веднаш по ударот во езерото се полни со вода, а поради ветрот балонот завршил на околната улица и го прекинал целиот сообраќај.
Крајбрежната стража испрати два брода на езерото, но нивната помош не била потребна затоа што повредените сами успеале да излезат на крајбрежјето. Причините за несреќата се уште се истражуваат
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment