Бакрачески: Впечаток е дека Охрид е скап
Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески смета дека мора да се поправи имиџот кој во моментов реално го има Охрид како дестинација која е прескапа за да биде посетена и да се превземат мерки на тој план.
Време е да се намалат цените а, да се понуди поквалитетна услуга во рестораните, хотелите, кафе баровите.
Ова е заклучокот на економскиот совет на градот, кој денеска расправаше на оваа тема.
„Јас сметам дека има простор за намалување на цените кои што во иднина ќе создадат повеќе услови за привлекување на што повеќе гости и не само домашни туку и странски туристи“ , вели Никола Бакрачески градоначалник на Охрид.
„Мое лично убедување е дека цените на угостителските услуги се повисоки и дека имаме недоволно изградени пакет аранжмани. Имиџот на Охрид во моментов е многу лош, јавноста и потенцијалните туристи сметаат дека цените на угостителските услуги се превисоки и ние мораме да го прифатиме предизвикот и да преземеме мерки и активности за подигнување на имиџот“,рече Бакрачески и додаде дека во однос на патната инфраструктура се прават големи напори да се дојде до толку посакуваниот автопат кој ќе го поврзе Охрид со Гостивар и од таму со Скопје
Оваа изјава на Градоначалникот на Охрид доаѓа откако имаше обвиненија од извесни медиуми дека Охрид е многу скап ,на кое Охригани возвратија со Оваа изјава на Градоначалникот на Охрид доаѓа откако имаше обвиненија од извесни медиуми дека Охрид е многу скап ,на кое Охригани возвратија со против кампања, ДОСТА БЕШЕ ЌУТЕЊЕ!
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment