Atlanta Hawks: „Официјално: Потпишавме со центарот Перо Антиќ од Р.Македонија“
НБА кошаркарската екипа Атланта Хоукс на својата официјална веб-страна, и преку Твитер во четврток, објави дека центарот на македонската репрезентација, Перо Антиќ е дела од нивниот тим.
Антиќ е највисок играч на Аткланта, откако овој тим не потпиша со повисоките од него Лукас Ногеира и Мајк Мускала, а тој ќе биде втор ц ентар на тимот.
Антиќ, покрај својата висина, има изненадувачки разновидна игра, и се движи одлично на двата краја од теренот, пишува во соопштението на Хоуксите.
OFFICIAL: We have signed 6'11" Republic of Macedonia center Pero Antić! Full details of the signing here: http://t.co/zzXrgQMl9H
— Atlanta Hawks (@ATLHawks) July 25, 2013
Неговите 115 обиди за тројки (32%) во Евролигата докажуваат дека тој не се плаши да шутне од далеку. Хоуксите покрај ова, ги препознаа и реализираните 71 отсто шутеви од линијата на слободни фрлања во минатата сезона во тимот на Олимпијакос.
По Ал Хорфорд, Елтон Бренд и Пол Милсап, Антиќ е четвртиот кој потпиша со Атланта Хоукс.
„Перо има вештини и е разновиден во својата игра за еден голем човек, кој ќепридонесе на длабочина на играта во рекет.Тој одлично ќе се вклопи во она што ние го градиме и возбудени сме што го имаме во тимот”, вели генералниот менаџер на Хоукси , Дени Фери.
Инаку македонскиот репрезентативец, во кариерата покрај во има играно во Работнички, АЕК Атина, Академик Согија, Локомотив Кубан, Спартак Санкт Петербург, Црвена звезда и Олимпијакос со кого во изминатите две сезони ја освојуваше титулата во Евролигата./к
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment