MKDNews.com

Американец се разбудил од кома и сега тврди дека е швеѓанец и зборува само швецски (видео)

јули 18
15:37 2013

На возачката дозвола на Мајкл Боутрајт пишува дека тој е роден во Флорида, меѓутоа веднаш штом се разбудил од кома во болницата во Палм Спрингс во Калифорнија, можел да зборва само шведски.

Боутрајт е пронајден во несвест во хотелска соба и моментално не се сеќава на ништо од својот живот, единствено дека се одѕива на името Јохан Ек.

Докторите му дијагностицирале минлива глобална амнезија, состојба која го спреќува пациентите  да создаваат нови сеќавања.

Докторите сметаат дека во неговиот случај, тој можно е да заборавил на своето минато и дека најверојатно станал сосема нова личност.

Боутрајт, кој некое време од својот живот ко минал во Шведска поседува профил на интернет кој тврди дека дипломирал на Универзитетот Мичиген Стејт и дека се усовршувал  на Универзитетот во Стокхолм.

Сеуште не е јасно дали ова е привремено или трајно, но лекарите сметаат дека имал доста среќа.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment