MKDNews.com

Американците се печат на високитe температури (видео)

јули 20
08:01 2013

Високите температури го печат најголемиот дел од САД. Ова се едни од најтоплите денови што ги искусиле области од Вашингтон до Чикаго.

Најголемиот топлотен бран ова лето донесе рекордни температури малку надеж за освежување.

Лекарите на службите за итна помош велат дека најголем дел од луѓето наоѓаат засолниште од сонцето, но има и зголемен број на посети од причини поврзани со топлината, од дехидрираност до најсериозната – топлотен удар.

Националните метеоролошки служби велат дека најголем дел од сојузните држави имаат барем еден регион каде температурата е над 32 степени целзиусови.

Но средноатлантскиот регион, од Вашингтон до Њујорк, температурите се уште повисоки. Ако ја додадете и влажноста – се чувствува како најмалку 37 степени целзиусови.

Сепак, туристите не го напуштаат градот. Популарните туристички атракции се полни. За викендов  што следи се најавува малку дожд па со тоа метеоролозите најавуваат и посвежо време.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment