MKDNews.com

Алсат- М: Пред Земјотресот Албанците биле мнозинство во Скопје

јули 21
13:02 2013

sk.zemjotresНа дебата на Здружението на историчари Албанци на Македонија во врска со 50 годишнината од земјотресот, биле претставувани и документи од Државниот архив, според кои до 1963 година во Скопје поголемиот број од жителите биле Албанци, пренесува Алсат- М.
Заменик-директорот на Државниот архив, Ќерим Лита тврди дека мнозинство од жителите на Скопје во 1945 година биле Албанци.

– Пред сè сакам да истакнам дека Скопје со околината во 1945 година броело 145.260 жители, а само во градот имало 67.743 жители. Најголемиот број од жителите беа Албанци, каде според статистиките, албанското население споредено со вкупното население во Скопје, во 1945 година сочинувало некаде 47 отсто – рече Лита.

Историчарот Неби Дервиши пак, ги обвинува властите во тогашната држава дека ја искористиле катастрофата за да ги иселат Албанците од Скопје.

– До 1963 година Скопје имаше најголем број Албанци во албанските краишта. По земјотресот на 26 јули, помошта што беше дадена од цивилизираниот свет по катастрофата, славомакедонските кругови ја искористија за да го исчистат градот од Албанците и да ги заменат со словенско население. Значи, по земјотресот од 26 јули се интензивираа мерките за менување на структурата на населението, особено по заминувањето на Албанците во ветената земја Анадолија, а паралелно со тоа почна масовната миграција на Македонците во Скопје. За тоа говорат официјалните историски документи што се чуваат во Државниот архив на Македонија во Скопје – вели Неби Дервиши- пренесува Алсат-М.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment