MKDNews.com

Акробатка загина за време на претстава (видео)

јули 01
23:26 2013

Членката на светски познатата трупа „Сирк де Солеј“ загинала откако паднала од 15 метри, изведувајќи ја претставата „Ка“, во Лас Вегас.

skok-atlСара Гијар-Гиjо (31) од Париз, искачувајќи се на јаже кон врвот на бината, ненадејно се лизнала и паднала од 15 метри пред шокираната публика.Ова е прва несреќа со фатални последици во работењето на „Сирк дe Солеј“
Претставата веднаш била прекината, а публиката била известена да ја напушти претставата.

– Во прв момент сите помислија дека тоа е дел од претставата, но потоа слушнавме врескање, а една од девојките на сцената почна да плаче – изјавил еден од посетителите на претставата.

Сара Гијар–Гиjо била итно префрлена во најблиската болница, каде што лекарите, и покрај нивните обиди да ја реанимираат, морале да констатираат смрт.

Ова е прва несреќа со фатални последици во работењето на „Сирк де Солеј“.

– Срцето ни е скршено. Изразуваме најдлабоко сочуство до семејството. Сите сме потресени, соопшти основачот на трупата, Ги Лалиберт.

Сара Гијар–Гиjо зад себе остави две деца. Таа била дела од оригиналната поставка на претставата „Ка“ од 2006 година и имала 20-години работно искуство во оваа област.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.