MKDNews.com

Акција „Решето“ – уапсени се 6 жители на Лојане и 34 емигранти (видео)

јули 19
16:52 2013

Во полицската акција „Решето“ изутрината во кумановското село Лојане при претреси во 10 објекти, во шест се пронајдени 34 илегални мигранти, а меѓу нив 13 се малолетни. Приведени се шест лица жители на село Лојане на возраст од 31 до 46 години.

Биле пронајдени и 34 илегални емигранти од азиските и африканските земји од кои 13 биле малолетни. Најголем дел од имигрантите во земјава влегуваат преку Грција. Бројот на емигранти според полицијата поради кризата, бил дури петкратно зголемен .

Поголем број на припадници на специјалните полициски единици утринава влегоа во селото Лојане, по претходно обезбедени Наредби за претресна дом и други простории од ОС Скопје 1 Скопје. Извршени се претреси во 10 објекти во с.Лојане, при што во шест се пронајдени вкупно 34 мигранти кои потекнуваат од азиските и афричките земји меѓу кои Бангладеж, Пакистан, Алжир, Авганистан и други. На дел од лицата се уште не им е утврден идентитетот и потеклото и се работи на тоа. Меѓу пронајдените мигранти 13 се малолетни лица кои се затекнати без родители. Мигрантите од страна на сопствениците на објектите биле прифаќани во зависност од потребата и договорот, односно или биле илегално префрлани преку државната граница или биле засолнувани одреден временски период, а за истото им било наплатувано по 10 евра од ден, со што жиетлите на Лојане вклучени во овој криминал се стекнувале со значителна противправна имотна корист, соопштуваат од МВР.

При извршените претреси во дом и други простории кај лицата кај кои се пронајдени мигранти, по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени шест кривични пријави за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“. Шестемина осомничени и приведени се жители на лојане на возраст од 31 до 46 години. Против лицата кај кои се пронајдени засолнати малолетни лица ќе бидат поднесени пријави и за чл.418-б ст.4 од КЗ на РМ за кој е предвидена казна затвор од најмалку осум години.

Во објектите кадешто се извршени претреси, а не се пронајдени мигранти утврдено е дека во истите има прилагодени простории за сместување и престој на лица. Воедно при претресите пронајдени се две ловни пушки и два гасни пиштола за што ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Оперативната акција е во тек и се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на случаите како и откривање на други лица инволвирани во овој вид на криминална активност.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.