Адреналинската бомба Flyboard пристигна во Охрид (Видео)
Новата водена адреналинска атракција на Охридското Езеро за ова лето се вика Flyboard.
Посетителите на плажата „Метропол“, полна како во најдобрите времиња, денес беа сведоци на акробациите на смелите момци кои ги забавуваа со „летечката даска“ или Flyboard.
Станува збор за млади момчиња од Република Македонија кои живеат во Франција и кои ја донесоа ова лето во Охрид нивната „најнова играчка“.
Инаку Flyboard-от или необичното летало на вода е дело на францускиот првак во џет-ски акробациите Френк Запата. Иако изгледа чудно, оние кои го пробале велат дека со малку тренинг секој може да управува со него.
Кога малку ќе се совлада, можат да се прават вистински акробации како движење низ водата како делфин и слично.
Супер радио
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment