MKDNews.com

6 јули – ден за бакнување!

јули 06
20:03 2013

Бакнете се! Бакнежот има празник!
Тој има свој светски ден и тој е денес, 6 јули. Датумот е предложен  од Велика Британија и е официјално признат од ОН.
Британците ја дале  идејата за прослава на бакнежот, вознемирени дека луѓето се поретко се бакнуваат. Не ги разочарувајте повеќе,  земете го вашиот партнер и  бакнувајте го!
Светскиот ден на бакнежот се прославува  на сите континенти  на планетата.
На овој ден се организира “масовно бакнување” во голем број делови на светот.
Според преданијата бакнежот се родил од врската меѓу мајката и бебето. Со неа има поврзани љубопитни легенди како оваа, дека му служел на средновековните витези да разберат дали нивните жени пиеле вино.
Постојат и верзии дека бакнежот уста во уста е еволутивен производ и е “измислен” од мајмуните.
Колку и да е мрачно потеклото еве некои од фактите:
Страсниот бакнеж го зголемува пулсот со над 100 и повеќе отчукувања во минута.
Се зголемува и нивото на хормоните во крвта и може да го продолжи животот една минута.
Бакнежот може да е и опасен. Во Ајова, на пример, шерифот може да уапси секој кој бакнува странец. Во Индијана пак е забрането на маж со мустаќи да бакнува човечко суштество, а во Конектикат жените не можат да бидат бакнувани во недела.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.