33-тата традиционална погранична средба во Трново
Во дворот на црквата Света Бородица во потпелистерското село Трново се собраа претставници на македонските здруженија од Албанија, Бугарија и Грција, при што уште еднаш беа упатени пораките Македонија да стане дел од Европската Унија под уставно име.
,,Имаме внатре сили кои велат дека за пет минути ќе го решат прашањето за името. Ние сите знаеме такво решение. Треба да се преиспита. Да се почитува намерата на Владата и на целиот народ дека сакаме во Европа да влезиме со крената глава,,-рече Ѓорги Волчевски, потпретседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија со седиште во Битола
Силен акцент беше ставен на заложбата за човекови права на Македонците во цел свет.
,,Ќе дојде ден македонскиот народ било каде да живее да ужива во своите права,,-рече Димитар Јоан претставник на „Виножито“ – Грција.
,,Да дојде времето кога нема да има потреба да се бориме за нашите права“-рече Крум Филати, претставник на ОМО Илинден Пирин –Бугарија.
,,Пред нас е задачата да ги научиме новите генерации да се борат за Македонија,, -рече претставникот на Македонско-егејско друштво од Врбник и Билишта – Албанија.
Собирот редовно го посетуваат и Македонски иселеници кои во лето се враќаат од прекуокеанските земји.
,,Редовно идиме во лето и убаво поминуваме тука,,-рече една иселеничка во Австралија.
,,Сакам да сум тука со мојот народ,,-вели друга исселеничка во Австралија.
Битолскиот градоначалник ги повика иселениците да се вратат во родната земјата и да инвестираат во нејзин развој.
,,Оваа средба е многу значајна бидејќи ги обедиунува и е магнет за сите кои сакаат да помогнат за иднината на нашата татковина.,,-рече Владимир Талески, градоначалник на Битола.
Средбата беше проследена и со богата културно уметничка програма.
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment