MKDNews.com

11 лица погинаа во бродолом во Сомалија

јули 08
20:32 2013

Четири странски членови на екипажот и седуммина сомалиски пирати погинаа, а 13 други се исчезнати кога потона товарен брод што пиратите речиси три години го држеле за откуп во близина на сомалискиот брег.
Ова го изјави пират кој се претставил како Хусеин.

-Немавме бродови за да ги спасиме, рече пиратот Хусеин, а пренесоа британските медиуми.

Товарниот брод МВ Албедо во сопственост на малезиска компанија и неговата посада беа грабнати на 26 ноември 2010 година, на 900 милји од сомалискиот брег, додека пловеле од Обедиентите Арапски Емирати кон Кенија.

Бродот постепено тонел речиси седум дена, но сосема потонал синоќа, рече Хусеин, јавувајќи се телефонски од главната сомалиска пиратска база Харадхир.

Албедо, во моментот кога бил запленет, имал 23 членови на екипажот од Пакистан, Бангладеш, Шри Ланка и Иран.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.