MKDNews.com

11-годишно девојче „Омажете ме и ќе се убијам” (видео)

јули 23
02:39 2013

article-2373151-1AEF1085000005DC-950_634x474Потресно видео во кое 11-годишно девојче од Јемени, Нада ал-Ахдал, тврди дека избегала од дома за да избегне договорен брак.

Девојчето тврди дека се спасило од присилен брак откако се замешал нејзиниот вујко.

„Ајде Омажете ме и ќе се убијам, едноставно”, предупредува во видеото кое е поставено на YouTube. „Зарем немаат ни малку милост? Подобро ми е да умрам. Не сум единствена. Ова може да им се случи на сите. Некои деца одлучија да се фрат во море и повеќе ги нема. Ги убија нашите соништа, убија сè што е во нас. Ова е криминал, ова е едноставно криминал”, се зборовите на ова 11-годишно девојче.

Во видеото кое е снимено во автомобил, Нада објаснува дека не сака да го напушти своето семејство бидејќи во спротивно не би имала никаков живот, а би останала и без образование.

Нада е едно од осум деца во нејзиното семејство, а ја одгледал вујкото Абдел Салем ал-Ахдал, но нејзините родители планирале да ја омажат. Девојчето ја обвинува мајката дека се согласила на тој брак само од интерес.

„Јас не сум предмет на продажба. Јас сум човечко суштество и попрво ќе умрам отколку да се омажам на овие години”, вели Нада.

„Поднесов жалба во полиција против мајка ми. Им кажав дека имам 11 години и дека таа сака да ме омажи. Ќе немав живот, ниту образование. Немаат ли милост?“

„Попрво би живеела со вујко ми отколку со тие луѓе. Ми се заканија дека ќе ме убијат ако одам кај вујко ми. Какви се тие луѓе кои им се закануваат на своите деца на таков начин? Би ве усреќило да ме омажите против мојата волја? Само напред и омажете ме. Ќе се убијам. Не се враќам да живеам со нив. Нема. Тие ги убија нашите соништа. Тие убија сè во нас. Ништо не остана. Ова не е воспитување. Ова е криминал, едноставно криминал.“

„Тетка ми имаше само 14 години. Издржа само една година со својот сопруг и потоа се полеа со бензин и се самозапали. Таа почина. Тој ја тепаше со метални ланци. Се пијанеше.“

„Моја мајко, мое семејство, верувајте ми кога велам: Завршив со вас. Вие ми ги уништивте соништата“ – вели храбрата Нада во видеото.

Родителите добиле пари, но вујкото бил против тоа и ја зел со себе за да ја спаси.

Видеото е подолу

article-2373151-1AEF105D000005DC-434_634x474

NadaЗа жал, ова не е единствениот ваков случај. Секој ден 37.000 девојчиња под 18 години се присилени да стапат во брак, честопати со мажи кои се доволно возрасни за да им бидат татковци или дедовци. Се проценува дека низ целиот свет во брак се 51 милион девојки кои имаат под 18 години. Само во Авганистан 57% од девојчињата се принудени да стапат во брак пред да наполнат 16 години.

Nada-Al-Ahdal-with-her-uncle-Abdulsalam-al-Ahdal

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment