MKDNews.com

Жељко Јоксимовиќ ќе одржи концерт во Охрид

јуни 09
16:35 2013

zeljko-joksimovic

Жељко Јоксимовиќ ќе одржи концерт во Охрид на 3 август на стадионот “Билјанини извори”. Српската ѕвезда во Македонија доаѓа со неговиот “Тексас бенд”. Концертот во Охрид е дел од неговата актуелна турнеја, низ Европа.

Српската поп-ѕвезда е чест гостин во Македонија, а неговите концерти кај нас секогаш поминувале успешно.
Билетите за концертот ќе бидат пуштени во продажба следната недела. Организатор на концертот е “Мастер тим продукција”.
Јоксимовиќ на српската поп-сцена е присутен од крајот на деведесетите години, а балканската и европска популарност ја доживеа во 2004 година, кога на “Евросонг” во Истанбул го освои второто место со песната “Лане мое”. Моментно е актуелен со неговата најнова песна “Лудак” која е во модерен хаус-стил.

Tags

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.