MKDNews.com

Започнува Светски политички форум во Турција

јуни 25
08:06 2013

Türkiye-турцијаОткако стана централна тема на светската агенда поради  големите протести во паркот “Гези” Истанбул повторно е во центарот на вниманието на меѓународната јавност со започнувањето на  Светски политички форум, пренесува телевизискиот канал NTV.
Меѓу гостите на форумот е Дејвид Милибанд,кој беше министер за надворешни работи на Велика Британија, во времето кога се дозна дека средбата на врвот на Г-20 била прислушувана. Многу е интересно што ќе каже за овој скандал со прислушувањето на турската делегација (на чело со министерот за финансии Мехмет Шимшек), поранешниот британски министер Дејвид Милибанд, кој инаку го поддржува членството на Турција во ЕУ.
Ќе бидат дискутирани и акциите под општ наслов “Окупирај”,кој почнаа од Волстрит и достигна до Истанбул. Освен тоа, меѓу говорници на форумот ќе биде и првото име меѓу круговите на сириската опозиција – Џорџ Сабра. Непосредно пред “Мировните преговори за Сирија”, кои се очекува да започнат во јули во Женева, водечките лидери на опозицијата во Сирија ќе дадат важни насоки и докази за иднината на  ситуацијата во Сирија и можностите за постигнување на мир.
Меѓу гостите на Светскиот политички форум е и поранешниот претседател на Колумбија Андрес Пастрана, чие име стана познато по започнувањето на “мировниот процес” во долгата 30 годишна војна со герилците на Револуционерните вооружени сили на Колумбија (ФАРК).
Оваа година Светскиот политички форум се одржува под главното мото “За еден нов и праведен светски поредок” и за време на 24 одделни седници ќе бидат дискутирани голем број проблеми – од барувањето на нови политики во областа на заштитата на животната средина и инвестициите во енергетиката до недостиг на водните ресурси и предизвиците во здравството.
Форумот ќе трае од 26 до 28 јуни и со одлуките кои ќе ги прифати за иднината на светот,Истанбул цели да стане  “светска метропола”, која ги собра на едно место различни цивилизации и култури. Предвидено е на форумот да се искажат преку 200 светски познати претставници од 60 земји, а неговата работа да биде набљудувана од над 1.000 професионалци со “висок профил”, наведува NTV.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.