Заиграа Македонско Оро среде Грција
јуни 25
09:57
2013
Во центарот на грчкиот град Паралија фолклористите од фолклорниот ансамбл “Тиквеш“ од Кавадарци го развиорија македонското знаме, играа македонско оро и пееја на македонски.
Ансамблот кој успешно работи во рамките на домот на културата “Иван Мазов Климе” од Кавадарци, имаше одличен настап на меѓународен фестивал во Грција.
– Викендов во Грција имавме 60 минутен концерт. Покрај нас настапија и фолклористи од Делчево. Фестивалот беше меѓународен со гости од Русија, Украина и Грција-соопшти денес Владимир Темков, директор на културниот дом во Кавадарци.
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment