MKDNews.com

Загина цело семејство- мајка, татко и две деца во сообраќајката во Куманово

јуни 29
19:23 2013

soobrГолема трагедија кај Куманово, меѓу шесте жртви е четиричлено семејство со две малолетни дечиња, полицаец пред пензионирање и неговиот пријател. Во стравичната несреѓа кај кумановското Смиљчиште настрада цело едно семејствоо. Во автомобилот се превезувале 39-годишен татко, мајка и две дечиња. За жал сите загинале, а нивните тела се целосно изгорени. Во вториот автомобил, „Пасат“ со кумановски таблички бил постар полицаец со негов пријател.

Несреќата се случила околу 16.45 часот кај местото Смилчинци кога „пасатот“ движејќи се кон Куманово, директно удрил во „БМВ“-то, а од силниот удар автомобилите се запалиле и експлодирале. Семејството загинало веднаш, а кумановците успеале да се извлечат од запалениот автомобил, но по кратко им подлегнале на повредите и изгорениците. Во автомобилот БМВ со скопски регистарски таблички се превезувале мајка, татко и две дечиња. Нивните тела се целосно изгорени. Како дошло до стравичниот судир по кој следела експлозија на автомобилите сеуште ен е познато.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment