MKDNews.com

Заев: Новата власт во Охрид врши шиканирање и малтретирање на челнови на СДСМ

јуни 07
16:54 2013
Zoran_Zaev.vo.Ohrid

Фото: ohrid1.com

Новиот лидер на СДСМ Зоран Заев денес на својата прва посета на партиската организација во Охрид рече дека новата власт во Охрид вршела шиканирање и малтретирање на челнови на СДСМ но и на обични граѓани и најави дека партијата ќе пружела правна помош преку одредени адвокати за да можеле овие граѓани врз кои се вршела пресија да се заштита во институциите на системот.
СДСМ претпре пораз на последните Локални избори и овој пораз има лоша рефлексија врз амбиентот на живеење во Охрид. Информациите кои денес со раководството на СДСМ во Охрид се дека голем број граѓани вработени во Локална самоурпава и социјалдеморкати се шиканриани, се прави огромен притисок, се прават непринципиелни влијанија и предлози, за кои се надевам сите ќе се согласите дека ќе повлечат трајно непоправливи штети врз добриот градски живот во Охрид. Сакам да пуштам пријателска порака да ги спуштиме топките , да се однесуваме внимателно и со човечка почит – реле Заев и продолжи:

– Апсолутно ако некаде има идикации за одредени грешки судот е надлежен да пресуди ,но она што денеска голем број граѓани на Охрид со солзи во очите го соопштуваат , низ што се поминуваат е навистина неворед. Од таа причина се нудам како политички фактор и партијата правнтие комисии со адвокатски тимови на централно ниво стојат на располагање, како и неколку адвокати тука од Охрид, и се надевам нема да има потреба од нив. Навистина мора да внимаваме дека изборите доаѓаат, поминуваат но сепак мора да го градиме заедно општеството.

На прашање на на што мислел кога рече правна заштите, шиканирање и малтретирање, што точно се случувало и зошто СДСМ Охрид до сеа ни еднаш не се огласи за тоа, Заев одговори:

– Многу граѓани кои немаат членска книша, а се вработени во администрацијата и институциите се деградирани од свотие места, голем дел од раководните кадри беа принудени да поднесат оставки, голем дел се повикувани на информативни разговори. Од она што го знам дека дел од нив се принудувани да поднесат изјава дека сами бараат да одат во МВР и да соопштат нешто . .. Ето тоа се не принципиелни работи. Тому затоа правно ќе ги заштитиме и социјалдемократите и сите граѓани за да се заштитени – рече Заев и додаде дека имал разбирање бидејќи Бакрачески бил на почеток од мандат но нечовечките односи во општеството не биле прифатливи и оставале трајни последици во него и повика да се спуштат топките.

На прашање на Охрид 1 каква е ситуацијата со просториите во Охрид од каде партијата требаше да се исели а и беше исклучена и струјата Заев рече:

– Деталите се наши внатрешни работи и ние ќе ги решиме, намерата е трајно да се решат просторните услови и одлуката ќе ја донесеме каде е најрационално и каде можеме да плаќаме. При вакви услови имаме намера да бидеме силна Општинска Организација, после таков пораз е неминовно да има одредени антагонизми и болки, но граѓантие знаат дека СДСМ е армија на луѓе кои веруваат во социјалдемократската идеја , таа армија на луѓе приврзаници кон својата идеологија се добредојдени. Нема да дозволиме да сме послаби, овој пораз за нас значи да сме уште посилни и поорганизирани, ќе градиме платформа од организационо оперативно поставување на партијата, кое ќе треба да резултира со резултати и на нареднтие избори во Охрид СДСМ повторно да победи – рече Заев.

Заев одговарајќи на прашање за ЕМО Охрид каде 2 000 луѓе останаа без работа, рече дека политиката на режимот кој сега владее во Македонија е препознаена и јасна , која со манипулации и свртување на вниманието кон внатрешни состојби во СДСМ и полициски истраги презентирани во медиумите се обидува да го сврти вниманието од главните проблеми, конкретно во Охрид како што е проблемот со ЕМО.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.