Заев: Македонија е горда што имаше голем човек како Роберто
јуни 30
14:30
2013
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во името на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, упати телеграма со сочувство до семејството Беличанец.
„Со длабоко жалење и неверување ја примивме веста за ненадејната смрт на Роберто Беличанец. Изразуваме длабоко и искрено сочувство до целото негово семејство.
Република Македонија е горда што имаше голем човек како Роберто, граѓански активист и бескомпромисен борец за човековите и граѓански права и слободи.
Беличанец ќе остане запаметен и како жесток критичар на сите аномалии во општеството, храбро и неуморно борејќи се за демократските стандарди, независноста на медиумите и правото на јавно изречен збор.
Со длабоко жалење се простуваме од него.“ стои во телеграмата
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment