MKDNews.com

Заев: Ќе видиме дали Црвенковски ќе управува со СДСМ (видео)

јуни 09
18:24 2013

Zoran_Zaev.vo.OhridНовиот лидер на СДСМ, Зоран Заев, коментирајќи ја изјавата на премиерот Никола Груевски дека Црвенковски ќе продолжи да раководи со партијата, вели дека иако би сакал да ја искористи мудроста на поранешниот лидер, сепак во партијата ќе го наметне својот менталитет.

-Јас не би коментирал реално, поради тоа што морам да кажам, мудроста на Црвенковски ќе сакам да ја искористам, а колку тоа Бранко ќе управува со СДСМ во позадина времето ќе покаже. Јас сум висок соработник со Црвенковски, досега му бев десна рака, како потпретседател на партијата. Апсолутно знам дека сакам да наметнам целосно мој менталитет на партиско делување, она што е врзано за мојот карактер, за мојата личност, она по кое луѓето ме препознаваат и времето ќе покаже дали Заев е вистинскиот претседател на СДСМ или некој од позадина управува, вели Заев во интервјуто.

Заев за Радио Слободна Европа вели дека аболицијата која ја потпиша Црвенковски, за него не претставува товар. Според него, неговата пресуда ја донеле граѓаните кога повторно го избраа за градоначалник на Струмица.

-Апсолутно не. Заради тоа што како прво не чувствувам никаква должност по тој чин, јас сум горд човек за многу проекти во Струмица, еден од тие проекти е токму Глобал за кој Европската унија даде награда за најдобра пракса. Мојата пресуда стигна на 7 месеци после моето притворање и таа пресуда беше од граѓаните, најјаката пресуда кога ме бираа по втор пат за градоначалник, освојувајќи преку 70 отсто од гласовите уште во првиот круг. Така што, правдата за мене е завршена, продолжувам понатаму, ниту чувствувам никаков вид на должност кон Црвенковски, ниту пак мислам дека тоа ќе ми биде некаква пречка во извршувањето на претседателската функција, вели Заев за Радио Слободна Европа.

Tags

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.