Заев ја прифати поканата од Груевски во четврток на заедничко кафе
јуни 04
16:38
2013
Новиот лидер на СДСМ, Зоран Заев, ја прифатил поканата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, за заедничка кафе средба, која ќе се одржи во четврток во 13 часот, во зградата на Владата.
– Од моја страна, поканата на Груевски беше прифатена, а во телефонскиот разговор тој упати честитки до мене и до новото партиско раководство – изјави Заев.
Новиот лидер на СДСМ в четврток ќе има средба со евроамбасадорот Аиво Орав, а истиот ден е закажана средба и со американскиот амбасадор во Скопје, Пол Волерс.
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment