MKDNews.com

Временска прогноза:Големо невреме се подготвува во Македонија

јуни 28
14:08 2013

dozd2Управата за хидрометеоролошки работи за претстојниот викенд најавува локално невреме проследено со пороен дожд, силни електрични празнења и услови за појава на град.

Утре во попладневните и вечерните часови наместа ќе има услови за појава на невреме со пороен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и изолирана појава на град, особено во источните и југоисточните подрачја на земјава. УВ индексот ќе биде 7, а температурата ќе се движи од 10 до 32 степени.

В недела попладне времето ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. УВ индексот ќе биде 6, а температурата ќе се движи од 11 до 28 степени.

Во почетокот на наредната недела ќе настапи стабилизација на времето со пораст на температурата на воздухот.

Во понеделник времето ќе биде сончево со умерена локална облачност. УВ индексот ќе биде 7, а температурата ќе се движи од 9 до 30 степени.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.