MKDNews.com

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Снимка од експлодираниот автомобил во кумановско

јуни 30
16:07 2013

Порталот ЗаСе објави снимка од експлозијата во која вчера животот го загубија 6 лица. Внимавајте видеото е вознемирувачко.

Полицијата вчера не можеше да го утврди идентитетот на починатата жена од БМВ- со скопски регистерски таблички. Вo денешниот билтен стои дека Елена К. настрадала заедно со возачот на БМВ-то Љупчо Л. (39) и двете малолетни деца Петар Л.(6) и Јована Л.(4)

Покрај нив, во трагичната сообраќајка вчера животот го загубија и Ласте Ј.(50) и неговиот сопатник Владимир Б.(55) двајцата од Куманово.

Од силината на ударот опожарени биле двете возила, а на лице место починати се сите шест лица, стои во полицискиот билтен.

Лошите временски услови и влажниот коловоз се причината за вчерашната трагична сообраќајна несреќа. БМВ-то прво ја изгубило контролата на движење по што се судрило со „пасатот“.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment