Вознемирувачко видео: полицаец застрелува демонстрант во Турција
јуни 11
14:07
2013
Во Турција повторно се интензивираат судирите меѓу полицијата и демонстрнатите, а на YouTube се појави шокантно видео во кое на дело се гледа бруталноста и ѕверското однесување на припадниците на полицијата, на видеото се гледа како за време на антивладините протести во Анкара полицаец пука кон толпата демонстранти.
Eден од нив е погоден во главата и се струполува на земја. Станува збор за Етхем Сарлускук (27), кој за жал, им подлегнал на повредите во болница.
По објавувањето на оваа снимка, еден турски обвинител покрена истрага за инцидентот.
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment