MKDNews.com

Во „Свети Никола“ во Вранештица се случи невообичаен феномен (фото)

јуни 22
20:09 2013

Духовден долго ќе остане запаметен во меморијата на вранештичани, велат жителите на селото кои освен што ја бранат шумата од најавената сеча, биле сведоци и на „Божја работа“. Откако утрото поставија блокада со жив ѕид со цел да не се сече црковната шума во нивното село, се случи чуден феномен од кој очевидците возбудени го коментираат како божја работа.

Во црквата посветена на Свети Никола, наеднаш почнала да се рони и отпаднала фреската на Свети Илија, додека пукнатини се јавувале на останатите фрески, објави порталот Кичево.

Се случи Божја работа“ – коментираат селаните.

Додека ова се случувало, надвор сеуште траел протестот на селаните, па така повеќе луѓе дошле и на лице место се увериле.

Оставаме надлежните институции да го кажат крајниот збор за овој чуден настан кој ја разбранува кичевската јавност.

Селото Вранештица е многу старо и е населено со илјадници години наназад. Две од неговите цркви се зборува дека датираат уште од шестиот век.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.