MKDNews.com

Во петок Косово ќе им суди на осомничените за масовно убиство во Македонија

јуни 26
12:29 2013

alil_afrim.jpg -Двајца етнички Албанци што Скопје ги бара заради пет убиства, кои што ги покренаа етничките тензии во Македонија, во соседно Косово ќе се соочат со судење за нелегално поседување на оружје.

Во петок пред судот во Приштина, три месеци по нивното апсење, ќе започне судењето на Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, за кои Македонија поднесе барање за екстрадиција бидејќи се осомничени за учество во убиствата кај Смилковско езеро.

„Обвинетите, од непознат датум до 3 март 2013 година, носеле оружје без дозвола“, се вели во обвинението, до кое што БИРН успеа да дојде.

При апсењето, косовската полиција кај нив пронашла и конфискувала автоматска пушка, пиштол, две рачни гранати и 31 куршум.

„ Оружјето, што беше најдено во последниот стан во кој што тие живееле, обвинетите го купиле за секоја евентуалност, бидејќи начуле дека можат да бидат уапсени (да бидат цел) од тајните служби“, вели обвинението.

Ако бидат осудени, Демири и Исмаиловиќ можат да се соочат со казна затвор до десет години и парична казна до 7.500 евра.

На четворица други етнички Албанци, против кои е поднесено обвинение за тероризам, а во врска со убиствата во близина на главниот град на Македонија извршени во април 2012 година, веќе им се суди во Скопје. Случајот е познат како случај “Монструм“. Сите се изјаснија за невини.

Македонија до Косово испрати барање за екстрадиција на Демири и Исмаиловиќ, кои што беа во бегство од почетокот на судскиот процес кој што започна во декември минатата година.

Четворицата обвинети беа притворени кога полицијата, минатиот мај, во полициска операција спроведена во неколку села околу главниот град, уапси 20, наводно, радикални муслимани.

Телата на Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацевски и Кире Тричковски, сите на возраст меѓу 18 и 20 години, беа пронајдени на 12 април, минатата година.

Тие беа наредени во еден ред, што укажува дека биле егзекутирани. Телото на 45-годишниот Борче Стевковски беше пронајдено недалеку од нив.

Веста за убиството ги зголеми етничките тензии, откако група етнички Македонци одржаа протести, кои во одредени моменти станаа и насилни, обвинувајќи ги за убиствата, припадниците на најголемата малцинска заедница во државата, Албанците.

 

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment