MKDNews.com

Во Охрид веќе не се наплаќа за паркинг

јуни 08
17:27 2013
Photo-0004

Mkdnews.com

Во центарот на Охрид веќе не се наплаќа за паркирање на возила.Дали со ова конечно се разреши проблемот околу начинот на користење на паркинзите во овој дел на градот,или пак закупецот ќе се жали на одлуката на Градскиот совет,ќе видиме наредниве денови.

Локалната самоуправа од Охрид цврсто е решена да ја спроведе одлуката на Градскиот совет на Охрид со која на 10 мај беше раскинат договорот за користење на дел од паркинзите во централниот дел на Охрид.Поради тоа што наплатата и натаму се вршеше полицијата презеде ригорозни мерки.
Пред некој беше приведена и управителката на компанијата “Сузуки” М.М и веднаш беше изведена пред истражен судија.Таа се товари з узурпација на недвижност.Кривична пријава заработи и таа и правното лице “Сузуки”.
Доделувањето на паркинзите на оваа компанија новата локална власт ги смета за котроверзни и штетни.
Едниот договор со оваа компанија беше склучен од страна предходната локална власт во јули 2012 година,а вториот во март година.И двата договори се склучени за период од пет години. За првиот договор Градскиот совет донесе одлука да го раскине,а за вторирот најави дека тоа ќе се направи по судски пат.
Со вториот договор “Сузуки” доби дури 700 нови паркинг места од кои досега користи самоо околу 200.Оттаму велат дека на локалната на име на разни давачки и исплаќале над 100 илјади евра годишно .

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.