MKDNews.com

Во Охрид повторно се наплаќа за паркинг

јуни 24
16:54 2013

ohrid.keyЛокалната самоуправа,поточно ЈП “Билјанини Извори” од денес ги презедоа главните паркинзи во Охрид.Слободното паркирање,без наплата,кое траеше околу две недели,заврши.

Тоа се случи по одлуката на Градскиот совет на Охрид да се раскине договорот со досегашниот концесионер “Сузуки” кој имаше ексклузивно право на користење на овие паркиралишта.Тоа било направено поради тоа што концесионерот на се придржувал кон одредбите од договорот кој датира уште од јули 2012 година, склучен со предходната локална власт.

Сега во централниот дел на Охрид за еден час за паркинг се плаќа 40,за наредниот час 30 денари денари.Предходно се наплаќаа 50 денари за еден час.Во поодалечените делови на градот паркингот чини 30 денари,а следниот час 20 денари.Новата тарифа за паркирање е поефтина за десет денари.

Во измиативе месеци во два наврати не се наплаќаше за паркинг во Охрид.Тоа беше случај во очи локалните избори и пред околу две недели откако се раскина договорот со стариот концесионер.При обидот “Сузуки” повторно да наплаќа за паркирање, што се случи на 7 јуни годинава,беше приведена управителката на компанијата поради узурпација на недвижност.Кривична пријава како правно лице доби и компанијата.

Компанијата “Сузуки” имаше два договори со предходната локална власт.Едниот беше склучен во јули 2012 година,а вториот во март годинава,со рок на траење од пет години.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment