MKDNews.com

Во Охрид отворен супер маркет на “Рамстор”

јуни 12
16:55 2013
ramstor1

Фото: ohridlive.com

Во Охрид во комплексот Летница денес беше отворен супермаркет од светски познатиот ланец на маркети “Рамстор“. На свечената церемонија меѓу присутните гости беа градоначалникот Никола Бакрачески, генералниот директор на “Рамстор – Македонија“ Ибрахим Кесеман, потоа почесниот турски конзул во Битола Ајдоган Адемовски и почесниот турски конзул во Охрид Абдурахман Бајрактар.
Генералниот директор, Ибрахим Кесеман ги поздрави присутните и истакна дека ова е петти супермаркет во Република Македонија од овој ланец. Тој му се заблагодари на градоначалникот Бакрачески за неговата поддршка, со ветување дека ова е можеби првиот чекор за пошироки економски инвестиции во Охрид, а им се заблагодари и на персоналот кој во рекордно време успеал да го стави супермаркетот во функција на граѓаните од Охрид.
Присутните гости ги поздрави и Ајдоган Адемовски, почесен конзул на Турција во Битола. Тој истакна дека проширувањето ќе продолжи во цела Македонија, а со тоа ќе се отворат многу работни места и ќе се продлабочи соработката со пријателска Труција.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment