MKDNews.com

Веста за убиените македонски сопружници во Аргентина била лажна

јуни 12
17:05 2013

platinaВеста што вчера проструи низ македонската јавност, поткрепена со факсимили од аргентински весници, дека се убиени брачните сопружници, сопственици на фирмата „Платина инжењеринг” всушност била – дезинформација.

Според телевизијата, Рокан Атанасоски и неговата сопруга Мирјана се живи и здрави и се наоѓаат во Аргентина.

Пред шест години заради скандалот со „Платна инжењеринг” по нив беше распишана потерница.

Повеќе македонски портали вчера повикувајќи се на аргентински медиуми објавија дека брачниот пар Рокан Атанасоски и Маријана Атанасоска се пронајдени убиени во нивниот стан во Аргентина.

Атанососки беа сопственици на фирмата „Платина инженеринг” и директни учесници во истоимената афера која ја потресе Македонија пред шест години.

Брачниот пар Атанасоски измамија голем број граѓани при купувањето на станови и во Македонија беа осудени на по 15 години затворска казна.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment